Нема потреба за тага: Виљареал ќе добие мало богатство ако Емери потпише за Њукасл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл по мечот против Брајтон ќе добие нов тренер, а прв фаворит за таа позиција во тимот е Унај Емери, кој има желба да се врати на Островот.

Емери го предводеше Арсенал, каде што не се прослави премногу, но смета дека Њукасл е одличен избор за него, иако има добри резултати со Виљареал.

Шпанскиот стратег го преземе Виљареал пред една година и потпиша договор до 2023 година, меѓутоа Емери сака да биде нов тренер на Њукасл, кој нема проблеми да плати шест милиони евра за неговите услуги.

Раководството на „жолтата подморница“ сигурно нема многу да тагува доколку Емери замине во Њукасл, зашто тогаш ќе добијат мало богатство од премиерлигашот.