„Нема шанса да доведеме уште некој играч“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола порача дека летниот преоден рок е завршен за Граѓаните.

Какои што самиот истакна, постоечкиот кадар на Сити е задоволувачки и нема потреба за нови играчи.

„Нема шанса да доведеме уште некој играч до крајот на летото. Задоволни сме со тоа што го имаме. Со тимот со кој располагам е многу добар и целосно верувам во него. Имам 30 играчи и тоа е доволно“, рече Гвардиола.

Сити одлично ја почна сезоната и после првите две кола има максимални шест бода. Граѓаните во третото коло го дочекуваат Вест Хем, а тој меч се игра во недела од 17 часот.