Неочекувана објава од Ал Наср: Роналдо ќе се врати во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо неодамна го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, па Ал Наср му плаќа 200 милиони евра по сезона во следните две ипол години.

Менаџерот на тимот, Руди Гарсија кажа дека легендарниот Португалец нема да ја заврши кариерата во Саудиска Арабија.

Францускиот тренер е уверен дека Роналдо ќе се врати во Европа, иако за неколку дена ќе го прослави својот 38. роденден.

„Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Тој дефинитивно нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа“, кажа тренерот на екипата, Руди Гарсија.