Неочекувана повреда го враќа Нејмар во репрезентацијата на Бразил!?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилскиот медиум „ЕСПН“ пренесува дека напаѓачот на Челси, Жоао Педро, заработил повреда на тренинг, поради која најверојатно ќе отпадне од списокот на Бразил за претстојното Светско првенство.

Ваквиот развој на настаните може повторно да му ја отвори вратата на Нејмар за враќање во националниот тим. Искусниот напаѓач подолго време работи на камбек во репрезентацијата, иако во моментов не е во посакуваната натпреварувачка форма.

Сепак, повредата на Жоао Педро значително ја менува ситуацијата околу конечниот список на селекторот Карло Анчелоти.