Непријатна сцена на Австралијан опен: Дете се онесвести, тенисерите во паника бараа помош 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Високите температури во Мелбурн, каде што се игра Австралијан опен, очигледно влијаеа врз едно дете кое собира топчиња и кое се онесвести во тек на мечот.

Дуелот помешу Лојд Херис и Микаел Торпегард го одбележа инцидент кога момчето падна на теренот, а играчите во паника бараа помош.

По интервенцијата на докторите, момчето беше изнесено од теренот, а мечот мораше да продолжи, но тенисерите и публиката беа потресени од инцидентот.

На крајот славеше Херис со 3-1 во сетови и обезбеди пласман во следното коло, каде што го чека меч против Алексеј Попирин.