Непријатни моменти за Фати: Барселона ќе го прати во Финска, пред него е тешка одлука!

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати доживеа нова повреда во дуелот од Купот против Атлетик Билбао, по што излезе од теренот во солзи затоа што е свесен дека го чека долга пауза.

Барселона потврди дека 19-годишниот фудбалер го повредил бутниот мускул и наскоро ќе биде потврдена должината на неговата рехабилитација.

Сепак, шпанските медиуми веќе имаат информации за повредата на Фати и младиот фудбалер би можел да ги пропушти следните два-три месеци.

Каталонскиот гигант, наводно, му препорачал на Фати да оди на операција, а ако го прифати советот, тогаш неговата рехабилитација ќе трае подолго и сезоната за него ќе биде завршена.

Операцијата треба да се изврши во Финска, а клубот ја остави одлуката на самиот фудбалер и неговото семејство, кои мора да решат до утре што ќе прават.

Несреќниот фудбалер се повреди и во ноември 2020 година, по што мораше да паузира дури девет месеци.