Нероаѕурите после Кандрева повторно купуваат на Олимпико, стигнува и фантастичен напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер вчера го доведе Кандрева од Лацио, но се чини дека тоа нема да биде единствено засилување од овој клуб.

Имено, миланскиот состав во своите редови го сака и Лукас Биглиа.

Сепак, неговиот менаџер брзо го демантираше трансферот велејќи дека овој играч за врска е исклучително неопходен за Лацијаните.

Меѓутоа, кој знае бидејќи во почетокот слични информации стигнуваа од Олимпико и кога Антонио Кандрева е во прашање.

Нероаурите сакаат да го засилат и нападот, а мета на Габриел Барбоса наречен Габигол.

Талентираниот напаѓач е на мета на многу клубови, се споменуваше негово заминување во Јувентус, но изгледа дека Интер е најконкретен и понуди дури 25 милиони евра.

Јувентус нудеше 18 милиони, а тоа не е доста да се задоволат сите  – Сантос, фамилијата на играчот и инвестицискиот фонд кој ги држи правата на младиот играч.