Несторовски донесе три бода за Палермо, па порача: Не се важни моите голови! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски синоќа беше стрелец на единствениот погодок во победата од 1-0 на Палермо против Верона во италијаската Серија А, па така стигна до бројката до 11 голови сезонава во италијанскиот шампионат.

Несторовски донесе важни три бода на почетокот на второто полувреме, поточно во 46. минута, кога ја смести топката во противничката мрежа.

Сепак, Несторовски беше скромен во изјавата за италијанските медиуми, па порача дека не е важен неговиот 11. гол сезонава, туку важни се победите на Палермо.

„Не е важен мојот 11. гол сезонава, туку најважни се триумфите на Палермо. Ние доминиравме во мечот и заслуживме да победиме“, порача Несторовски.

Палермо во моментов е третопласиран  во Серија Б со  53 бодови, односно еден помалку од Лече и четири помалку од лидерот на табелата, Бреша.