Несторовски емотивно се збогуваше од бившиот претседател на Палермо 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот газда на Палермо, Маурицио Ѕампарини почина денеска, а од него се збогуваше и македонскиот фудбалер Илија Несторовски, кој во минатото настапуваше за екипата.

Во тимот на Палермо во минатото играа многу фудбалски ѕвезди, меѓу кои и Пауло Дибала, Едисон Кавани, Хавиер Пасторе и други.

„Мил претседателе, по моето доаѓање во Италија ме пречекавте со отворени раце. За жал ја немав среќата да бидам со вас во златните години, но тоа што ве запознав во тешки моменти ме натера да го запознаам големиот човек во вас со големо срце. Почивајте во мир“, напиша Несторовски на Инстаграм.