Центарот на Детроит Пистонс Јален Дурен (22) повторно ја одби понудата на клубот за продолжување на договорот вреден 200 милиони долари на пет години. Дурен веќе неколку пати летово ги одби предлозите на Пистонс, а и сега смета дека понудениот износ не е доволен.
Понудениот договор беше целосно гарантиран, без опции кои клубот или играчот би можеле да ги активираат подоцна. Освен износот, на претставниците на Дурен не им беа прифатливи и некои други клаузули. Особено проблематична им беше ставката која се однесува на задолжителната контрола на телесната тежина на играчот.
Новинарот Сем Амик од порталот The Athletic објави информација дека Дурен бара максимален петгодишен договор од 287 милиони долари. Таквото барање изненадува многу, со оглед на тоа што покажа во минатогодишното разигрување.
Јален Дурен беше избран како 13. на драфтот во 2022 година, по една сезона на универзитетот Мемфис. Напредуваше од сезона во сезона, па минатата година во регуларниот дел од натпреварувањето просечно бележеше 19,5 поени и 10,5 скокови по натпревар.
















