Неверојатни сцени: Третолигаш од Германија донесе 6.500 навивачи во Англија (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ханза Росток можеби се мачи на теренот, но на трибините има огромна поддршка. Навивачите на германскиот третолигаш покажаа што значи безусловна љубов кон клубот, откако дури околу 6.500 од нив се упатија кон Англија за пријателскиот натпревар со Вотфорд.

Иако нивниот тим не успеа да се спротивстави на домаќинот и загуби со убедливи 0-3, резултатот воопшто не го намали ентузијазмот на гостинските навивачи.

Трибините беа обоени во клупските бои, а илјадниците фанови на Ханза приредија спектакуларна атмосфера и непрекинато го бодреа својот тим.