Неверојатна страст: Конте го расплака Гвардиола, па покажа колку му значи победата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем триумфираа со 3-2 во дербито против Манчестер сити, откако Хари Кејн постигна гол дури во 95. минута, а тренерот Антонио Конте покажа уште еднаш дека има неверојатна страст кон фудбалот.

Колку е важен триумфот можеше да се види по Конте, кој претходните денови беше критикуван поради интервјуто во кое кажа дека е разочаран од засилувањата кои ги добил во јануари.

Конте овој пат го надигра Гвардиола, а победата во последните моменти од мечот знаеше да ја прослави на одличен начин, додека Гвардиола само гледаше како неговиот ривал скока од среќа по третиот гол на Тотенхем.

Ова ја искомплицира битката за титулата во Премиерлигата, иако на момент делуваше дека е готова, па доколку Ливерпул слави во следниот меч, ќе има само три бода помалку од „граѓаните“.