Неверојатно: Ги однесе во Бундеслигата, па му дадоа отказ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако успеа да го однесе тимот на Келн во Бундеслигата, сепак Маркус Анфанг остана без работа и нема повеќе да го предводи клубот.

Тоа го соопшти управата на екипата, која не е задоволна само со пласманот во Бундеслигата на Келн.

Наводно, раководството е незадоволно поради лошите резултати во последно време, но останува чудно како може да се отпушти тренер, кој штотуку им обезбедил пласман во најсилниот ранг на натпреварување.

Во прилог не му одело ниту тоа што навивачите на екипата воопшто не го сакале, па тоа кулминирало со отказ.

Сепак, ова е навистина чудер и бизарен отказ за еден тренер, кој ја завршил успешно сезоната.