Неверојатно: Ибракадабра соборува рекорди и на 37 години, статистиката говори се…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот Швеѓанец остава неизбрислив траг во Америка.

Златан Ибрахимовиќ се потврди речиси во сите лиги на светот, било во Италија, Шпанија или Англија од Швеѓанецот можете да очекувате спектакл.

Покрај тој спектакл одат и неверојатни бројки во последното коло неговиот ЛА Галакси е поразен од Њујорк Булс со 3:2, но Ибра забележа погодок и асистенција.

Во прекуокеанскиот фудбал стигна во март 2018. година, првата сезона забележа учинок од 22 погодоци и десет асистенции, Ибра со мечот против Њујорк постави нов рекорд.

Сметајќи ја изминатата сезона и мечот од моменталната сезона, Швеѓанецот има одиграни 35 натпревари со комбинација од 43 погодоци/ асистенции.

Никој пред него не достигнал вакви бројки на почетокот на МЛС кариерата, за потсетување Ибрахимовиќ има 37 години. Неверојатен играч!