Неверојатно: Осми триумф по ред за Јувентус без примен гол (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во 17. коло од италијанската Серија А го совлада Удинезе со 1-0 и така стигна до осмата победа по ред без примен гол.

Тимот на Масимилијано Алегри влезе во натпреварот како голем фаворит, меѓутоа до единствениот гол стигна во 86. минута преку Данило.

Гигантот од Торино стигна до второто место со 37 бодови, односно четири помалку од лидерот Наполи и може да се каже дека се врати во игра за титулата.