Неверојатно: Суарез ја наведна главата и побара прошка…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез беше мета на навивачите на Ливерпул синоќа и не одигра добро.

Не му простија навивачите на Ливерпул што замина Луис Суарез. Дури и тие кои му простија, дебело го променија мислењето откако го прослави погодокот во првиот меч.

Синоќа беше мета на исвиркување, погрдни песни, се тоа предизвика да одигра лош меч.

По дуелот, бараше простување поради поразот.

„Вакви грешки не смеат да ни се случуваат две години во низа. Мораме да видиме што направивме лошо. Тренерот не е виновен, ја постави истата тактика како и во првиот меч. Мораме да се извиниме за нашиот став, не бевме тим. На нашите семејства, деца, навивачи, бараме прошка“, истакна Суарез.

„Кај четвртиот погодок изгледавме како деца. Мораме да ги разбереме сите критики кои не обземаат“, истакна тој.