Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Емерик Жан Луи Жерар Алфонс Лапорт, е целото име на репрезентативецот на Шпанија и човекот што ја формира дефанзивната бариера на Црвената фурија.
Емерик Лапорт е дел од стартните 11 на Шпанија, а играше важна улога во триумфот над Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство.
Емерик Лапорт стана првиот фудбалер во историјата кој ја победи својата родна земја во полуфинале на Светското првенство. Роден е на југозападот на Франција, во градот Ажен на 27 мај 1994 година. Во младинските категории запиша повеќе од 50 натпревари за Франција, но никогаш не ја доби шансата да го облече дресот на сениорите. Со години наназад тој е столб на одбраната и европски шампион со Шпанија.
Емерик Лапорт е роден во баскиска фамилија во францускиот дел од оваа провинција. Приказната за тоа како одлучи да ја промени фудбалската државјанство претставува еден од најинтригантните и најконтроверзните премини во модерниот европски фудбал. Но, како Лапорт воопшто одлучи да “смени табор”?
За сè е виновен Дидје Дешан, селекторот на Франција! Емерик Лапорт беше извонредно почитуван во францускиот фудбалски систем во младинските категории. Запиша 51 натпревар за селекциите на Франција од У17 до У21, дури беше и капетан на младата репрезентација.
Селекторот на А репрезентацијата на Франција, Дидје Дешан, го повика Емерик Лапорт три пати во националниот тим за време на 2016 и 2017 година, за натпреварите против Бугарија, Холандија и Шпанија. Меѓутоа, Лапорт ги преседе сите овие натпревари на клупа.
















