Невидена драма во АБА-лигата: Кошаркар на полувреме дозна дека има ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цедевида Олимпија ја победи Крка со 77-69 во рамки на првото коло на АБА-лигата, но невидена драма се случи кога на полувреме еден играч на домашниот тим дозна дека е позитивен на ковид-19.

Цедевита се тестираше по враќањето од Франција каде што играше во Еврокупот и сите резултати беа негативни, но новото тестирање беше направено пред стартот на АБА-лигата и резултатите требаше да бидат познати следниот ден, но клубовите уште на полувреме добиле лоша информација.

Од клубот не открија за кој фудбалер станува збор, но се претпоставува дека бил Ален Хоџиќ. Во секој случај, според протоколите, сите играчи и стручен штаб на Цедевита Олимпија и Крка ќе бидат во самоизолација во следните 24 часа, а најверојатно ќе направат и нови тестови.