Невил: Арсенал ќе заврши на трето место во Премиерлигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека Арсенал нема да ја освои титулата во Премиерлигата, иако во моментов има осум бодови предност пред ривалите.

„Топчиите“ се наоѓаат на врвот на табелата со осум бодови повеќе од Манчестер јунајтед, а Невил вели дека тоа нема да им биде доволно ниту за второ место на табелата.

„Повеќе би сакал Арсенал да ја освои лигата од Манчестер сити, но не верувам дека ќе се случи такво нешто. Нема да ја освојат титулата, Сити ќе биде шампион, а Јунајтед ќе го освои второто место“, кажа Невил.

Арсенал вчера славеше во големото лондонско дерби со 2-0, додека Јунајтед го доби дербито со Сити со 2-1.