Невил го критикува Роналдо: Зошто чекаш? Стани и кажи ја вистината, клубот е во криза!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја почна сезоната со два порази по ред и тоа е голем удар за поранешниот шампион, кој сезонава имаше повисоки амбиции.

Кристијано Роналдо веќе неколку недели се поврзува со заминување од Манчестер, но засега нема конкретни понуди за него, па Португалецот кажа дека за две недели ќе биде објавено интервју во кое ќе ја каже вистината.

Ова го налути легендарниот Гери Невил, кој побара од Португалецот веднаш да ја каже вистината, и да не ги остава навивачите да чекаат.

„Зошто најдобриот фудбалер во историјата треба да чека две недели за да ја каже вистината? Стани и кажи. Клубот е во криза и му требаат лидери“, кажа Невил.