Невил: Ова е неприфатливо, во Јунајтед се случи големо предавство!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил ги критикуваше играчите на клубот, иако тимот славеше против Челси со 2-1.

Јунајтед пред натпреварот против Челси суспендираше четири новинари затоа што објавиле приказни пред да се консултираат со тимот.

„Најголемо предавство кое може да се направи во фудбалската соблекувална е играчите и нивните претставници да излезат во медиумите за да му наштетат на тренерот и останатите фудбалери“, вели Невил.