Невил се изнервира поради англиските тимови: Исфрлете ги од лигата, земете им ги титулите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дури 11 клубови од Шпанија, Англија и Италија потпишале договор за формирање на европска Суперлига.

Голем број европски гиганти ставиле потпис на документ, а секако на таковиот потег реагираше и УЕФА.

Ова натпреварување треба да се состои од 16 гимови плус четири кои ќе изборат пласман преку нивните домашни првенства.

Засега од Англија потпис ставиле Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал и Ливерпул, а тоа предизвика жестоки реакции.

Еден од луѓето кои се противат на Суперлигата е Гери Невил, кој прв го крена гласот во борбата.

„Јунајтед, Тотенхем и Арсенал не играат ниту во ЛШ. Арсенал е целосно изгубен тим и очекува добри резултати во Суперлига? Ужасно“, вели Невил.