Невил: Солзите на Роналдо беа болни, тоа е ужасна слика…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалија беше елиминирана од Мароко со 0-1 во четвртфиналето на Светското првенство, иако избраниците на Фернандо Сантош имаа контрола во поголем дел од натпреварот.

Кристијано Роналдо по поразот се расплака како мало дете и избега во соблекувалната затоа што ова најверојатно е негов последен настап на Мундијал и последна шанса за освојување на вредниот пехар која пропадна.

Коментар за целата ситуација имаше Гери Невил кој претходно го критикуваше Роналдо поради неговото однесување.

„Сакам да го спомнам Роналдо поради сликата во тунелот. Тоа беше ужасна слика. Тоа е моментот кога знае дека заврши неговиот сон. Мора да признаеме, тој имаше неколку тешки месеци“, вели Невил.