Невил: Жал ми е за Роналдо, но ова јасно ми покажа некои работи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо вчера потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија, па се очекува во следните години да заработува над 90 милиони евра по сезона.

Роналдо кажа дека не му биле важни парите, туку пресудна била визијата на Ал Наср, иако речиси никој не му верува.

Гери Невил добро го познава Роналдо затоа што заедно играа во Манчестер јунајтед, па даде коментар за трансферот.

„Јасно е дека ќе гледаме малку од него. Ова ми кажува колку е сериозна Саудиска Арабија со фудбалот. Тие нема да прекинат, а доказ е тоа што вложија 350 милиони фунти во еден играч. За Роналдо мислев дека ќе остане до крајот на сезоната во Европа, но жал ми е што не е така“, кажа Невил.