Незгодна повреда на Богдановиќ: Србинот се виткаше од болки! 🎥


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарот на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ заработи тешка повреда на натпреварот против Шарлот, по што мораа соиграчите да му помогнат за да излезе од паркетот.

Српскиот репрезентативец кон средината на втората четвртина при еден дуел со Бол го повреди скочниот зглоб а можно е да има и оштетување на коленото.

Тој беше изнесен од паркетот и не можеше да го продолжи мечот, а засега нема информации колку време ќе отсуствува од терените.