Ни Роналдо не почна вака во Реал: Белингам постави нов рекорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам игра неверојатно во дресот на Реал Мадрид и синоќа на мечот против Наполи испиша историја.

Белингам стана прв во историјата на „кралевите“ кој успеал во секој од првите четири натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ) да постигне гол.

Ѕвездата на Реал беше стрелец во првото коло против Унион Берлин, па потоа против Брага и Наполи, додека го пропушти мечот од четвртото коло со Брага. Во петтото коло повторно погоди против калчолигашот и испиша историја.

Белингам против Наполи запиша и асистенција, а пофалби за неговата одлична форма доби и од тренерот Карло Анчелоти.