Ни Роналдо, ни Кејн – навивачите зачудени: УЕФА го објави најдобриот тим на ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА го објави најдобриот тим на Европското првенство (ЕП), а навивачите на социјалните мрежи останаа изненадени затоа што во идеалните 11 немаше место за најдобриот стрелец на турнирот Кристијано Роналдо, како ниту за најдобрите Англичани, Хари Кејн и Лук Шо.

Сепак, поразениот финалист на Англија има тројца претставници во идеалниот тим, додека Италија има дури петмина фудбалери.

На голот е Џанлуиџи Донарума, кој беше прогласен за МВП на турнирот, додека во одбраната се Кајл Вокер, Леонардо Бонучи, Хари Мегваер и Леонардо Спинацола.

Во редот за врска се Жоржињо, Пјер-Емил Хојберг и Педри, а во тимот има место и за Рахим Стерлинг, Федерико Кјеза и Ромелу Лукаку.