Ница го избрка легендарниот Виера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Арсенал, Патрик Виера остана без работа. Ница синоќа загуби на домашен терен од Баер Леверкузен и остана без шанси да се пласира во нокаут-фазата на натпреварувањето.

По поразот, францускиот клуб реши да ја раскине соработката со тренерот. Ница сезонава игра променлива, а во лигата е на 11. место со 17 бодови по 11 натпревари.

Во Ница имаа многу поголеми амбиции сезонава, откако изборија настап во Европа, но поранешниот француски репрезентативец не се покажа како идеално решение.