Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот пазар наскоро може да добие една од најголемите приказни ова лето. Аргентинското издание на ESPN носи информации дека аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез е подготвен да го извести тренерот Диего Симеоне и целата управа на Атлетико Мадрид дека сака да го напушти клубот.
Наводно желбата на Алварез е јасна – кариерата сака да ја продолжи во Барселона, која веќе долго време ја следи ситуацијата околу еден од најдобрите аргентински напаѓачи на денешницата.
Ваков развој на настаните може да предизвика вистински потрес во шпанскиот фудбал. Алварез е еден од клучните играчи на Атлетико и миленик на Диего Симеоне, заради што неговото можно заминување би претставувало голем удар за мадридскиот клуб.
Барселона веќе долго време се бори за Алварез, Атлетико на сите начини се обидува да им издржи на нападите од Каталонија, а сега и сам Алварез одлучил да „помогне” на Барса да го доведат.
Дојдот на поранешниот светски шампион од Аргентина би било огромно засилување за Барселона, а Ханси Флик во него гледа совршена замена за Роберт Левандовски.
Спортскиот директор на клубот Деко денес попладне требаше да одржи клучен состанок со агентот на аргентинскиот напаѓач за да ја усогласат стратегијата и да го финализираат неговиот премин во Барса.
















