Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на репрезентацијата на Германија, Мануел Ноер, изјави дека никогаш не треба да се отпишува селекцијата на Италија на големите турнири.
Пред почетокот на Европското првенство селекцијата на Италија не беше вбројувана помеѓу главните фаворити за освојување на ЕП. Но, Италија турнирот го започна одлично славеше победа од 2:0 против репрезентацијата на Белгија.
“Никогаш не ја отпишувам Италија. Тоа не го направив ниту после нашата победа против нив во март. Слушнав многу критики, но знам дека тие се екипа која игра добро на големите турнири”- изјави Ноер.
Головите за Италија ги постигнаа Емануеле Џакерини и Грацијано Пеле.
“Кога водеа со 1:0 забележав колку тактиката им е компактна, како се бранат и како напаѓаат. Ми се допаѓа нивната одбрана со тројца фудбалери на Јувентус и Даниеле Де Роси. Буфон и понатаму е најдобар, неговото присуство и начинот на кој ги храбри соиграчите е неверојатен, се гледа дека сите го слушаат. Тој е пример кој младите треба да го следат”- заклучи Ноер.