Никој не го "залепи" Леброн како Јанис (ВИДЕО)

Смртта на Коби Брајант предизвика мечот Ол Стар во Чикаго да биде најдобар на векот, бидејќи во последната четвртина се виде вистински натпревар.

Од неколкуте одлични потези, хит тројки, дриблинг и забивања, најистакнати беа дуелите на двајца капитени Јанис Антетокумпо и Леброн Џејмс од последната четвртина.

Џејмс важи за најдобар кошаркар на денешницата и има навистина ретки ситуации кога некој успева да го блокира популарниот Крал, а тоа го направи големиот Јанис.

Во моментите кога мечот се кршеше, Леброн се обиде да заврши една акција, но Антетокумпо го придружуваше до крај и на крајот „залепи“.

Сепак, на крајот Леброн имаше повеќе причини да слави бидејќи неговиот тим славеше 157: 155, а на Антетокунпо не му беа доволни ниту 30 поени.