Никола Милутинов потпиша за ЦСКА Москва


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ЦСКА Москва официјално потврди дека го ангажирала Никола Милутинов. Српскиот центар нема да заигра во НБА-лигата, иако се шпекулираше за такво нешто во претходниот период.

Сега официјално е потврден неговиот ангажман во редовите на клубот од Москва, па така ЦСКА ќе ги пополни сите дупки без оглед на тоа што неколку кошаркари го напуштија тимот.

Овој 25-годишен Србин потпиша тригодишен договор со рускиот гигант, а со своите 213 см без сомнеж ќе им помогне на своите соиграчи.

Милутинов претходно настапуваше пет сезони во Грција за Олимпијакос, а во кариерата освојуваше трофеи во српската, грчката и регионалната АБА-лига.