Ништо од Јунајтед и Милан, Златан продолжува во Серија А во изненадувачки клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стојат работите Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во Серија А, но не во дресот на Милан.

Шведскиот голгетер дефинитивно нема да го засили ниту Манчестер Јунајтед, како што се шпекулираше вчера, туку ќе направи изненадувачки трансфер во редовите на Болоња.

Ибрахимовиќ се поврзуваше со Болоња и претходно, претседателот на клубот дури и призна дека Ибра би бил добредојден меѓу тимот предовден од Синиша Михајловиќ.

Току Михајловиќ бил причината за Ибрахимовиќ да го одбере тимот на Болоња каде треба да настапува од овој јануари.