Ништо од приватниот остров: УФЦ ќе огранизира борби на оваа локација (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УФЦ нема да ги организира следните борби на приватен остров бидејќи Дана Вајт најави дека ќе се одржат во Калифорнија.

Њујорк Тајмс се дозна дека настанот УФЦ 249, како и други настани, ќе се одржи во хотелот Тачи Палас во Калифорнија.

„Местото каде што ќе се одвиваат борбите во текот на следните два месеци ќе биде заклучено и ќе продолжам да закажувам борби“, истакна Вајт.

Вајт, исто така, успеа да обезбеди дека атлетската комисија во Калифорнија не се меша во процесите на организацијата и овие борби нема да бидат под нивна надлежност.

Првиот настан што ќе се одржи на Трајбл Ленд е настанот УФЦ 249 на 18. април, на кој Тони Фергусон и Џастин Гајети ќе се борат за привремен лесен шампионски појас.