Ништо од трансферот на Кавани во Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последните информации кои доаѓаат од Шпанија говорат дека пропаднал трансферот на Единсон Кавани во редовите на Атлетико Мадрид.

Иако Уругваецот ги договорил личните услови со „јорганџиите“, шпанскиот клуб не успеал да се договори за обесштетувањето со тимот на ПСЖ.

Францускиот клуб барал 25 милиони евра за Кавани кој ги поминува последните шест месеци од договорот во ПСЖ, додека Атлетико најмногу што можел да понуди е 15 милиони евра.

Останува отворена опцијата Кавани следниве шест месеци да продолжи во ПСЖ, а потоа како слободен агент да се пресели во Атлетико Мадрид.