Ниту еден играч не е поголем од турнирот


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Веројатно тениската сензација за ова лето се случи вчера на Вимболдон кога Американецот Сем Квери го елиминираше Новак Ѓоковиќ во третото коло.
Овој натпревар го прокоментира и Канаѓанецот роден во Подгорица кој порача дека сега ждребот му се отворил.

“Го видов резултатот, очигледно изненадување. Морам да признаам дека ова малку ми оди во корист кога е ждребот во прашање. Елиминацијата на Новак веројатно ќе го промени изгледот на турнирот, мо тука има уште големи шампиони”.

“Тука е Рожер, тука исто така и Енди…Има уште големи играчи кои ќе го чекаат ждребот. Ниту еден играч не е поголем од турнирот”– изјави Раонич.

Да потсетиме Раонич во осминафиналето на овој турнир ќе игра против Давид Гофин.