Ниту во САД, ниту во Италија, Давид Силва се сели во добро позната средина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва по крајот на оваа сезона како слободен агент ќе си замине од редовите на англискиот клуб.

Силва се поврзуваше со трансфер во таборот на Интер Мајами, новиот клуб на Дејвид Бекам кој се натпреварува во МЛС Лигата.

Потоа се појавија шпекулации дека Силва би можел да заврши во редовите на Милан, но според најновите информации тој ќе се врати во својата земја.

Наводно веќе биле започнати преговори со таборот на Валенсија, клуб во кој Давид Силва се афирмираше како врвен фудбалер.