Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„ЕА Спортс“ му даде на Ландо Норис од Мекларен да ја тестира новата игра „Ф1 2023“ на патеката Лас Вегас, но 23-годишниот возач не се прослави.
Норис ги коментираше звуците на болидот и кажа дека динамиката на возење е пореална. Тој ја освои пол-позицијата во квалификациите со време 1.38,719, но и покрај тоа трката ја заврши на последно место.
Причина за ова беше непознавањето на конфигурацијата на патеката и зоните за сопирање, а исто така доби и казна од шест секунди.