Норвежаните ја тужат ФИФА поради мешањето на Трамп


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Норвешката фудбалска федерација е подготвена да поднесе официјална пријава до Етичкиот комитет на ФИФА поради наводното политичко влијание на американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на напаѓачот на репрезентацијата на САД, Фоларин Балогун.

Претседателката на Федерацијата Лисе Клавенес предупреди дека обидите случајот да се „заташка“ не се прифатливи и дека ваков преседан сериозно може да го загрози фудбалот.

Случајот предизвика големо внимание откако ФИФА за време на Светското првенство ја суспендираше казната изречена на американскиот напаѓач Фоларин Балогун.

Наскоро по тоа, Доналд Трамп јавно потврди дека разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побарал преиспитување на одлуката.

Сега целиот случај би можел да добие нова димензија.

Лисе Клавенес во разговор за британскиот “The Times” најави дека Норвешката федерација ќе го покрене прашањето пред ФИФА.

“Кога ќе ги прекршите правилата на ваков начин, влегувате на лизгав терен кој ја доведува целата игра во опасност. За фудбалот е загрижувачки кога се загрозуваат основните правила на спортот,” рече Клавенес.