Нотингем Форест остана без засилување од Челси поради – глупава грешка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Миши Батшуаи требаше да биде 22. засилување на Нотингем Форест за оваа сезона, откако се договори да замине од Челси, но договорот пропадна во последен момент.

Челси се договори да го продаде Белгиецот во Нотингем Форест, а неговата преселба беше договорена, но сепак не се реализираше затоа што не биле испратени документите на време.

Клупската администрација на Челси потфрли, па така Батшуаи ќе мора да остане во премиерлигашот најмалку до јануари или да си замине следното лето како слободен играч.

Батшуаи никогаш не доби вистинска шанса во Челси, каде што пристигна во 2016 година за 40 милиони евра, па често заминуваше на позајмици.