Нов доказ дека Роналдо се подготвува да го напушти Јувентус 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус, а за тоа се шпекулира уште одамна.

Синоќа во Торино беше снимен како камион ги зема скапите автомобили на Роналдо и заминува во непознат правец.

Дали тоа значи дека Португалецот планира да замине од Торино, најверојатно на сите ќе ни биде познато наскоро зашто медиумите будно ја следат ситуацијата.

Роналдо е познат како колекционер на луксузни автомобили, а неодамна урна уште еден рекорд во кариерата.

Португалскиот репрезентативец го постигна неговиот 100. гол во дресот на Јувентус и тана прв фудбалер кој стигнал до 100 или повеќе голови за својот клуб во три различни првенства.

Претходно тоа му успеа во дресот на Реал Мадрид во Шпанија, како и во Англија со Манчестер јунајтед.