Нов пораз за Челси: Барселона им украде уште едно засилување!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона гради моќен тим, откако неодамна го купија Роберт Левандовски, но пристигнаа и Рафиња, Франк Кеси и Андреас Кристенсен, а сега на ред е Жил Кунде од Севиља.

Челси прв испрати понуда до Севиља за Кунде, но очигледно фудбалерот не сака да ја прифати понудата на премиерлигашот, а причина за тоа бил неговиот разговор со стратегот на Барселона, Чави.

Каталонците за неговите услуги ќе платат 50 милиони евра, плус 10 милиони за бонуси, а ќе потпишат договор на четири години.

Ова е уште еден одличен потег на Барселона, која треба да го потврди трансферот, а Челси загуби уште една битка со каталонскиот гигант, па сега ќе бара утеха во дефанзивецот на ПСЖ, Преснел Кимпембе кој ќе ги чини 70 милиони евра.