Нов предлог: Да се играат пократки натпревари од 90 минути во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од прекинот на Премиерлигата поради пандемијата на коронавирусот, постојано се работи за враќање на фудбалот на терените. Меѓу големиот број предлози се најдоа и некои неочекувани и необични работи за фудбалот, а најновиот според „Дејли Мејл“ е полувремињата да бидат пократки.

Со години наназад распоредот во премиерлигашкиот календар е исполнет целосно, поради што претседателот на Здружението на професионални фудбалери, Гордон Тејлор предложил натпреварите да траат пократко од вообичаените 90 минути.

До завршување на сезоната има уште девет кола, кои се потребни да се завршат до август, кога почнува новата сезона, а како продолжение на актуелната сезона е планиран почетокот на јуни.

„Ни тие не се луѓе. На прво место ја ставаат својата безбедност. Секако, сите сакаме да го заштитиме интегритетот на лигата, поради што се шпекулира за играње на домашни терени. Но, дали тоа е возможно и безбедно?“, праша Тејлор.