Нов случај „Хамес Родригез“, трансфер-бомба доаѓа од Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека постојат мали шанси Иско да остане во Реал Мадрид, зашто е во втор план и јасно му е дека на него не смета тренерот Зинедин Зидан.

Не е тајна дека Иско и јавно го покажа незадоволството, па на сите ви е сигурно познато кога го снимија камерите како зборува против Зидан.

Сепак, многумина веруваат дека тој ќе биде новиот случај „Хамес Родригез“, односно ќе се препороди кога ќе го напушти Мадрид.

Интересно е тоа што и него го сака Карло Анчелоти, само е јасно дека Евертон има мала гужва на тие позици и Италијанецот ќе мора да смисли како ќе го вметне Иско во составот.

Претходно се споменуваа Јувентус и Манчестер сити како опции, но јасно е дека таму нема да добие шанса, па реална опција за него е Евертон.