Нова бомба од Шпанија: Агуеро сака да замине од Барселона!

Шпанските медиуми пишуваат дека Серхио Агуеро побарал трансфер од клубот без да одигра ниту еден официјален меч за каталонскиот гигант.

Аргентинскиот напаѓач е разочаран и бесен откако неговиот пријател Лионел Меси го напушти клубот, а сега сака тоа да го направи.

Наводно, Агуеро веќе ги активирал адвокатите кои ќе ги разгледаат сите можности за да го раскинат договорот и ќе побараат од клубот да го пушти.

Барселона на Агуеро му гарантираше дека ќе игра со Меси во екипата, но тоа нема да се случи бидејќи клубот официјално се збогуваше од својата легенда.

Навистина ќе биде неверојатно доколку исксуниот напаѓач го напушти клубот неколку недели по заминувањето.