Нова бомба во Интер: После Марио, е на чекор на уште еден трансфер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Муса Сисоко се наоѓа на раскрсница, но враќање назад најверојатно нема.

Муса Сисоко и понатака е фудбалер на Њукасл, но после ова лето тоа најверојатно нема да биде случај.

Францускиот репрезентативец одигра одлично ЕП, беше и еден од најдобрите во Њукасл во минатата сезона и вистинско време е да се најде во подобар клуб.

Реал Мадрид беше заинтересиран, клубовите преговараа, но на крајот не се договорија и сега Сисоко е на мета на и на други клубови.

Интер наводно е заинтересиран, а како што јавува Ди Марзио, италијанскиот новинар, Сисоко се сретна со претставниците на Интер и сега го чекаме исходот.

Секако ќе претставува големо засилување за Интер, ќе видиме дали Италијаните се спремни да платат за него.