Нова глупост на Џејдон Санчо, се очекува реакција од Борусија Дортмунд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако избегна казна поради протестот поради расизам, Џејдон Санчо сега се наоѓа во нови проблеми, а овој пат со раководството на клубот.

Во Борусија Дортмунд размислуваат да го казнат својот фудбалер, зашто заминал во Англија без дозвола и тоа за време на карантинот.

Тој веќе имаше проблеми со управата на клубот затоа што објави фотографии кај фризерот со своите колеги од тимот за време на пандемијата.

Сега повторно направи глупост, а англиските медиум пишуваат дека бундеслигашот овој пат нема да му го прости потегот на Санчо, а каква казна ќе добие засега не е познато.