Нова опција за Барселона?

Барселона наскоро ќе дознае дали ЛаЛига официјално ќе и дозволи трансфер надвор од крајниот рок поради сериозната повреда на Осман Дембеле и неговото најавено, ново долго отсуство од составот.

Инаку, повредата на Дембеле дојде во момент кога се очекуваше негово враќање во составот, и дојде по тешката повреда на првиот напаѓач Луис Суарез, и по продажбата на Абел Руиз и Карлес Перез.

Додека официјалната одлука е во тек, сè уште постојат шпекулации за тоа кој би можел да биде засилување на Барселона. Она што е сигурно е дека, доколку има трансфер, класичен напаѓач ќе пристигне на Ноу Камп.

Последниве денови, неколку играчи, како што се Лорен од Бетис, Вилијан Хозе од Сосиедад, Анхел од Хетафе, се споменуваа во контекст на евентуалното „принудно“ засилување на Барселона …

Сега „Мундо Депортиво“ пишува дека прва опција во Барселона во моментов е напаѓачот на Леванте, Роџер Марти.

Роџер Марти оваа сезона има одиграно 22 натпревари за Леванте во ЛаЛига и постигна 10 гола.

Засега не е познато колку би можело да чини Барселона при евентуалниот трансфер на 29-годишниот напаѓач.