Нова снимка од инцидентот: Судијката падна како покосена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Настапот на Новак Ѓоковиќ на овогодинешниот УС Опен заврши со дисквалификација.

На мечот со Пабло Карен-Буста, српскиот тенисер ја удри судијката со топка, а организаторите решија да го исфрлат од турнирот.

Откако се појавија првите снимки, јавното мислење беше поделено. Некои се на мислење дека Ѓоковиќ бил оправдано дисквалификуван, додека некои сметаат дека судијката добро одглумила.

Неколку часа по инцидентот се појавија нови снимки кои го покажуваат моментот кога судијката е удрена и нејзините први реакции.

Падна на подот како покосена, а впечаток беше дека во еден момент остана без здив, а маската го отежнува дишењето.

Инаку, еден час по инцидентот пристигна информација дека судијката се чувствува добро и дека ударот во топката не предизвикува никакви последици.