Новак е подготвен за „25-ката“: Ѓоковиќ рутински ја оствари 100. победа на Австралијан опен

Новак Ѓоковиќ рутински го започна патот кон 25. гренд слем титула. Најдобриот тенисер на сите времиња многу лесно го совлада Педро Мартинез со резултат 3:0 (6:3, 6:2, 6:2) и ја забележа 100. победа на Австралија опен.

Имено, ваков меч му требаше на Новак за старт на турнирот. Без многу напор, да ги разработи ударите и да види колку е во форма и на што треба понатаму да работи. Многу добри работи се видоа, особено сервисот.

Не дека Мартинез е спектакуларен ретурнер, но податокот дека Ѓоковиќ во третиот сет изгуби само еден поен на својот сервис и дека во целиот меч не дозволи ниту една брејк топка е навистина охрабрувачки.